Народна банка ќе ја задржува ценовната стабилност со поскапување на кредитирањето

by Фокус

-Народната банка ќе направи се што е потребно за да ја одржи ценовната стабилност, односно стабилниот курс на денарот во однос на еврото, изјави гувернерот Димитар Богов во однос на последните политички и безбедносни настани во Македонија.

Тој вели дека Народната банка ги следи сите движења во економијата во последните неколку месеци и мерките што ќе ги преземе ќе бидат во согласност со остварувањето на нејзините основни цели. Тие се задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор.

Богов посочи дека целите би се оствариле преку затегнување на монетaрната политика, што пак ќе доведе до поскапување на кредитирањето.

Поврзани новости