Величковска од ВМРО-ДПМНЕ: Правда за браќата судени за љубов кон Македонија!

by fokus

Невена Величковска од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара правда за обвинетите од насилствата во Собранието на 27 април, 2017 година.

Според неа, тие се осудени за љубов кон Македонија, а во вакви ситуации, институциите треба да се покажат независни.

„Правда за осудените браќа, судени за љубов кон Македонија. Да им дадеме поддршка на нив, на неправедно обвинетите од настаните на 27-ми април. Институциите да докажат дека се независни и дека судат согласно словото на законот“, напиша таа на својот Твитер налог.

Поврзани новости