Партнерката на Брнабиќ роди син

by fokus

Се породи партнерката на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Милица Ѓурѓиќ на свет донесе машко бебе, а од кабинетот на Брнабиќ изјавија дека бебето ќе се вика Игор.

-Породувањето на Милица Ѓурџиќ помина во најдобар ред – информираа од кабинетот на Брнабиќ.

Во Србија се инаку забранети истополовити бракови. Дел од медиумите на шеговит начин информираат за ова со наслови дека Брнабиќ станала татко. Брнабиќ и Ѓурѓиќ се во врска околу 10 години.

 

Поврзани новости