Велешанка, со амбиција да стане пратеничка, во текот на 2016 година платила 11.500 евра, на лице кое и ветило дека ќе ја зачлени во одредена политичка партија, ќе ја постави за координатор на Велес, а потоа и ќе ја стави на кандидатската листа за пратеници.
Но, по одредено време, откако сфатила дека е измамена, случајот го пријавила во МВР. Од полицијата информираат дека против измамникот е поднесена кривична пријава, кој се претставувал од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
-СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.К.(35) од Прилеп, за сторено кривично дело „измама”. Пријавениот во текот на 2016 година, лажно се претставувал дека е вработен во МВР, во Управата за безбедност и контраразузнавање, при што измамил женско лице од Велес дека со негово посредство ќе и овозможи да биде зачленета во одредена политичка партијата, а потоа поставена за координатор за град Велес, како и кандидат за пратеник во изборна единица, за што оштетената му дала 700.000 денари, информираа од МВР.