310
Девет мигранти од Пакистан открила полицијата откако вчера извршила рутинска контрола на возило пик-ап. Возачот бил велешанец на возраст од 27 години, кој веднаш бил однесен во полициска станица.
-На 19.01.2018 година во 16,30 часот на обиколница Скопје, кај клучката за с.Арачиново, од страна на полициски службеници при рутинска контрола било сопрено патничко моторно возило пик-ап “Мазда“ со велешки регистерски таблици управувано од Б.И. (27) од с.Рашче-скопско во кое имало девет лица – мигранти од Пакистан, без документи. Лицата и возачот биле приведени во ПС-Гази Баба, за понатамошна постапка, велат од МВР.