Вељановски ги стави на дневен ред условените оставки од министрите на СДСМ?!

by Фокус

На седницата на Собранието на дневен ред е поставен уште една точка, усвојување на оставките на министрите од СДСМ и избор на нови министри. За нови министри на местото на Оливер Спасовски и Фросина Ременска, премиерот Димитриев ги предлага Митко Чавков и Диме Спасов.

Оставките на министрите од СДСМ беа условени со одлуката за распуштање на собранието и закажаните избори. Со оглед дека претходно ќе се констатира дека Собранието не се распушта, а изборите се одложуваат, оставките по автоматизам престануваат да бидат важечки, сметаат изворите кои ги контактираше Фокус.

ostavka

Сепак останува да се види, дали и покрај условената оставка, пратениците ќе одат на усвојување на оставките, со што СДСМ би останало без своите министри во Владата.

Тоа, според нашите извори ќе биде нов удар врз договорот од Пржино и обид за внесување на Македонија во нова политичка неизвесност.