Тачи: Зад одлуката на Уставен стои договор меѓу ДУИ и ДПМНЕ

by Фокус

Во мојата политичка кариера од ништо не ми се гадело повеќе отколку од оваа одлука на Уставниот суд, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со средбата со Хојт Ји, американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и за Азија.

-Да не бидеме преголеми оптимисти. Зад оваа одлука на уставните судии стои договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Целта им е да се врати старото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тоа нема логика, рече Тачи.

Тој додаде дека пратеничката група на ДПА најверојатно нема да учествува на денешната собраниска седница која ја свика претседателот Трајко Вељаноски.

-Ние не гласавме за избори на 5 јуни и за распуштање на Собранието. Ние сме етничка опозиција на Албанците и макотрпно се трудиме да има решенија и за етничката компонента.  На средбата со Ји добив директна пофалба за директниот мој ангажман и на ДПА. Зборувавме за ставот на ДПА дека за секоја криза, па и оваа политичката има алтернативни решенија. Но, само за едно Македонија нема алтернатива, a тоа е влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, изјави Тачи.