Гласањето за уставните измени предложени од Владата мора да се случи најдоцна денеска на полноќ, вели поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски во писмо испратено до јавноста кому му се суди за „крвавиот четврток“.
-Основно правило, но и правило од праксата, за пристапување кон измена на Уставот е веќе обезбедно 2/3 мнозинство пратеници. Предлагачот на иницијативата кон измена на Уставот, во овој случај Владата, воопшто не требаше да си дозволи да покрене ваква постапка без предходно обезбедено 2/3 мнозинство, пишува Вељаноски.
Тој вели дека од досегашната пракса на Собраниетоникогаш не се случило да се покрене постапка за измена на Уставот без претходно обезбедена политичка согласност од најмалку 2/3 од пратениците.
-Единствен исклучок е оваа постапка и насилната постапка за измена на Уставот по Преспанскиот договор, додава Вељаноски.
Во дописот до медиумите тој објаснува дека согласно член 196 став 1 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија претресот за измена на Устав трае 10 работни денови и по завршување на претресот се пристапува кон гласање.
-Денес, на 1 септември завршуваат десетте работни денови откако беше отворена постапката и завршена расправата за измена на Уставот на собраниската седница број 123, закажана и одржана на 18 август.
Гласањето мора да се случи најдоцна денес. Секое спротивно постапување не е во согласност со Деловникот.
Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија не дозволува неизвесност со постапката од толку високо значење, пишува тој.
Според него, за излез од оваа ситуација потребно е согласно член 67 став 2 од Деловникот за работа на Собранието минимум 20 пратеници да бараат продолжување на 123 седница а Претседателот на Собранието согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание да постапи и свика ad hoc кординација на која би се договорил датумот на продолжување на 123 седница на Собранието, кога ќе треба да се гласаат уставните измени
-Доколку Претседателот на Собранието на Република Македонија и покрај барањето на минимум 20 пратеници не закаже продолжение на седницата ја презема на себе целата одговорност, прави лоша практика. се става над сите пратеници и конечно го изместува целосно политичкиот систем на институционалната поставеност на уставното уредување на Република Македонија, додава Вељаноски.
Инаку на Вељаноски му се суди за организирање на крвавиот четврток што се случи во Собранието во 2017 година.