Премолчував долго време, а тоа не беше воопшто лесно и едноставно за мене.Бев цел на планирани и оркестрирани напади, базирани на класични лаги и измислувања.Долги години одредени пара-структури протураа лага дека сум бил некако замешан во случајот Монструм, пишува на Фејсбук статус поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски,откако неговото таткото на едно од убиените момчиња кај Смилковското езеро на денешното рочиште јавно го праша лидерот на СДСМ и довчерашен премиер, Зоран Заев дали во убиството е вмешан Вељаноски.
– Ми беше тешко да молчам, но знаев и верував дека еден ден се ќе стане јасно и ќе биде чисто дека тоа беше конструирана лага за мое лично оцрнување. Нападот против мене е ништо и е незначајно во споредба со болката на семејствата на петте прерано згаснати млади животи. Одлуката некој да си поигрува со нивните судбини и чувства е тешко бреме кое ќе остане до крајот на животот.Не посакувам на никого да ги преживува лагите и нападите што јас ги преживеав со оваа ниска и гнасна конструкција. Луѓето што ја смислиле и пласирале со години, немаат морал. Денес кога се е јасно, јас само ќе им порачам да им стои на чест и совест. Ако имаат чест и совест, нема да им е лесно засекогаш, напиша Вељаноски откако Заев децидно одговори дека ниту споменал, ниту имал докази дека Вељаноски е вмешан во убиството.