Скопјанец пријавил дека бил нападнат од возач на ЈСП

by fokus

Вчера попладне, жител на Скопје пријавил дека бил нападнат од возач на автобус на ЈСП, информираат од МВР.

„На 02.02.2020 во 16.50 часот во СВР Скопје, Н.Т.(43) од Скопје пријавил дека во 15.30 часот на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице, возач на автобус на ЈСП. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, посочија од МВР.

Поврзани новости