Вељаноски: Новиот Илинден ќе биде денот кога ќе станеме членка на ЕУ

by Фокус 21:09
21:09

Продолжуваме со разговорите со Република Грција за надминување на наметнатиот проблем со нашето уставно име. Веруваме дека нашите грчки соседи ќе разберат дека Република Македонија и македонскиот народ, ниту биле, ниту некогаш ќе бидат закана за Република Грција, изјави претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на вечерашната свечена академија по повод Денот на независноста.

На академијата присуствуваа министри од Владата, претседателот Ѓорге Иванов, претставници од дипломатскиот кор.

- Advertising -

„Настојуваме да ги афирмираме позитивните вредности во нашите меѓусебни односи. Да ја развиваме економската, културната, образовната и секаков друг вид на соработка. Во светло на новите геополитички предизвици, македонскиот и грчкиот народ имаат историска должност да покажат државотворна зрелост за да можеме заеднички да се соочиме со нив и да ги надминеме!“, рече Вељаноски и додаде дека македонскиот и грчкиот народ имаат света цел да си подадат рака и да се завртат кон иднината!

Според него, членството во Европската унија е следниот голем приоритет за Македонија.

„Нашиот нов 8 Септември, новиот македонски Илинден ќе биде денот кога Република Македонија ќе се интегрира во Европската унија!“, рече Вељаноски.

Поврзани новости