Дисципинска постапка против гевгелиските лекари што правеа селфи за време на операција

by Фокус

Дисциплинска постапка е започната против докторите од гевгелиската болница кои се сликале со отворен стомак на пациентот, извести денеска директорот на оваа здравствена установа Сретко Јованов со писмено соопштение до медиумите.

– Веднаш по добвањето на информацијата се преземени соодветни законски мерки за санкционирање на здравствените работници инволвирани во случајот. Согласно Законот за здравствена заштита (член 186,став 1,точка1), станува збор за дисциплински престап за кој се поведува соодветна дисциплинска постапка. За целиот случај ќе биде изготвен и соодветен извештај, кој уште денеска ќе биде доставен до Клиниката за ТОАРИЛУЦ, каде е вработена една од докторките од случајот. Ние како институција се оградуваме од индивидуалните постапки на поединци кои го нарушуваат угледот на установата – нагласи Јованов.

Поврзани новости