Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, му посочи на премиерот Зоран Заев, за како што рече, опасностите кои доаѓаат по уставните измени.
„Се расправало многупати за Уставот, се воделе дебати. Но, тие се со консезуз помеѓу власта и опозицијата, а не вака набрзина. Можам да ви честитам што излеговте на чело на таа мала владина група и не се затскривте зад колективно тело, и решивте за промена на Уставот“, порача Вељаноски.
Тој преку поговорка, се обиде на премиерот Зоран Заев да му долови дека Уставот не може да се промени со еден збор.
„Има една поговорка. „Ако наеднаш во јадеш слонот, ќе пукнеш. Треба парче по парче“. Повеќепати изјавивте дека нема потреба од промена на Уставот и името. Името го променивте и после сакавте да се затскриете зад македонскиот граѓанин. Но, и покрај тоа, вие не го слушате гласот на македонскиот граѓанин. Ние како пратеници имаме предлози и мислења. Во Уставот, Република Македонија ќе се менува со Северна Македонија. Во повеќе веќе од 50 члена го има тоа, а во некој член со 3-4 пати. Кога ќе дојде Преамбулата, шест пати се додава Северна Македонија. Не може со еден збор Уставот да се смени. Не се плашете дека би го закочиле. Ве замолува, укажете им на службите во Владата како се пишуваат уставни амандмани. Се плашам дека ќе биде полошо од ова. Вие викате дека ќе имаме заштитен идентитет. Ќе се викаме Северномакедонци“, истакна Вељаноски.