Вељаноски ги повика пратениците од ДПМНЕ да се откажат од репликите меѓусебе, иако тоа било нивно право

by fokus

Претседавачот со конститутивната седница, Трајко Вељаноски, на денешното продолжение на седницата ги повика пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од бесконечните меѓусебни реплики и контра-реплики, иако како што рече, тоа било нивно право.

Сепак, неговите сопартијци не го послушаа и продолжија на тој начин да ја одолговлекуваат седницата.

Изборот на претседател на Собранието е 4-та точка на дневен ред на конситутутивнта седница, и не може да се дискутира за неа се додека е отворена започнатата точка, односно избор на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања.

Поврзани новости