368
Претседавачот со Собранието, Трајко Вељаноски и денеска во 18 часот ја прекина конститутивната седница и нејзиното продолжение го закажа за вторник во 11 часот.
Ова значи дека пратениците добија одмор од пет ден за велигденските празници, кои Вељаноски им ги честиташе на граѓаните.
И денешното продолжение на конститутивната седница беше во знакот на реплики, контра-реплики и процедурални забелешки, а наместо за точката на дневниот ред избор на Комисијата за избори и именувања, се дискутираше за „тиранската платформа“, законот за употреба на јазиците и Охридскиот рамковен договор.