Вељаноски денеска ќе ги распише изборите

by fokus

Претседателот на собранието, Трајко Вељаноски, денеска ќе стави потпис на одлуката за одржување предвремени парламентарни избори во декември.

Вчера пратениците со 110 гласа „за“, и ниту еден „против“ и „воздржан“ изгласаа распуштање на парламентот со што го отворија патот за распишување на изборите.

Пред да се распуштат, пратениците го изгласаа буџетот за 2017 година на што инсистираше ВМРО-ДПМНЕ, но не ги донесоа законските измени кои ги бараше Специјалното јавно обвинителство.

Поврзани новости