420
Претседателот на собранието, Трајко Вељаноски, денеска ќе стави потпис на одлуката за одржување предвремени парламентарни избори во декември.
Вчера пратениците со 110 гласа „за“, и ниту еден „против“ и „воздржан“ изгласаа распуштање на парламентот со што го отворија патот за распишување на изборите.
Пред да се распуштат, пратениците го изгласаа буџетот за 2017 година на што инсистираше ВМРО-ДПМНЕ, но не ги донесоа законските измени кои ги бараше Специјалното јавно обвинителство.