625
Епидемилошката состојба во Дебар, кој беше првото жариште на КОВИД-19 во државава, е стабилна, со оглед дека веќе 45-ти ден нема новозаразени. Како што потврдуваат од Општата болница во Дебар, нема ниту пациенти кои се јавуваат со сомнителни симптоми на вирусот.
Бројот на заразени останува 51, oд кои излекувани се 47, а починати се четворица.
Според полициската статистика, во самоизолација се три лица кои редовно се контролираат од страна на полициските службеници.