Со помош на полицијата ќе се испитува семејството кое погреба покојник надвор од протоколот

by Фокус

Со асистенција на полицијата, Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје-Скопје денеска ќе направат акција да се земат епидемиолошки анкети од семејството на покојникот кој починал во приватна болница и кој не бил закопан под протокол за вирусот Ковид-19, иако посмртниот бриис му бил позитивен.

Од Центарот за јавно здравје информираа дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.

Во моментов, осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот.

Поврзани новости