Веќе 20 часа се трага по момчето кое исчезна во Вардар

by Fokus

Сеуште не е пронајдено 16-годишното момче од Пепелиште, Неготино, кое вчера околу 16 часот исчезна во водите на реката Вардар. Во потрагата се вклучени специјални единици на полицијата, но и месното население.

Според Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, настанот се случил кога неколку момчиња влегле во водите на реката да се разладат.

-Вчера, во околу 16 часот неколку момчиња на возраст од 15 и 16 години влегле во реката да се бањаат. Одеднаш, момчето по кое сега се трага, го снемало во водата. Специјални екипи се вклучени во потрагата, не можеме да кажеме што точно се случило. Се работи за непредвидлива река, апелираме жителите кои се вклучени во потрагата да бараат само покрај копно, да не влегуваат во вода – вели тој, бидејќи голем број на доброволци се вклучиле во потрагата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости