322
Коалицијата „Граѓаните за Македонија“, денеска, во Кампот на слободата пред Влада, ќе одржи прес-конференција, со почеток во 12.30 часот на која ќе го најави вечерниот протест.
Активистите Уранија Пировска, Бојан Маричиќ и Петрит Сарачини ќе зборуваат за денешниот голем граѓански протест „Правда за Мартин – Нема правда, нема мир!“, кој ќе започне вечер во 18 часот, пред Владата.
Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ го поддржува протестот, затоа што, и по четири години од убиството на Мартин Нешковски, власта и надлежените институции упорно ја прикриваат вистината и не ја признаваат сопствената вина и одговорност за неговата смрт.