Средношколски пленум: егото и ароганцијата Ви се удрија во глава!

by Фокус

Средношколскиот пленум му се обрати на Министерот Абдулаким Адеми, по повод серијата ступидни прашања што се појавија на екстерното тестирање. Нивното обраќање Ви го пренесуваме во целост:

На грешните прашања никако да им дојде крај.

МОН, ви тврдевме и се убедувавме дека технички проблеми постојат, дека прашањата не се во ред. нема понудени одговори, понудените одговори не се точни, меѓутоа вие не сакавте да слушате.

Егото и ароганцијата ве удрија во глава. Само затоа што сме деца, не значи дека е со закон забрането да ни се признае дека сме во право. Нашите аргументи беа невидливи за вас. Се надевам дека фотографиите кои секојдневно ги објавуваме ќе бидат видливи.

Да ве потсетиме дека тоа ваше его, таа ваша ароганција и глувост за нашите барања и молби, оштети и ќе оштети генерации и генерации.

За што?
За министерска позиција.

С Р А М О Т А.

Поврзани новости