614
Преговорите на работните групи што се однесуваат на медиумите, доцна вечерва биле прекинати откако немало доближување на ставовите меѓу политичките партии, дознава Фокус. Се очекува средбите за овој дел од Договорот од Пржино да продолжат во понеделник.
На денешната попладневна средба на работните групи на деневен ред било функционирањето на Агенцијата за медиуми, како и каква ќе биде композицијата на Советот на Агенцијата што се однесува до неговите членови.
Вчера пак, новинарските здуженија простестираа пред Клубот на пратеници, бидејќи не се вклучени во преговорите за медиумиските слободени, но и покрај тоа, политичките партии денеска продолжија да преговараат без нив.