396
Во Клубот на пратеници вечерва започна новата средба на претставниците на четирите најголеми политички партии за спроведување на договорот од Пржино со кој треба да се надмине политичката криза во земјава. Тема на денешните преговори е назначувањето на специјален обвинител, но ќе се разговара и прашањата поврзани со изборниот процес.
На средбата присуствуваат и странските експерти Питер Ванхоуте и Џејмс Хамилтон, кои ги надгледуваат преговорите. Претставници на Претставници на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите се Никола Попоски и Никола Тодоров, на СДСМ: Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова, на ДУИ: Муса Џафери и Артан Груби и на ДПА: Беким Фазлиу и Имер Алиу.