Во кампот пред Владата, именуван како „Слободиште“, за денеска се предвидени низа активности:
Од 11:00 до 15:00 часот ќе биде отворен хуманитарниот базар, а во 16:00 часот ќе биде отворена уметничката работилница/колонија „Боите на слободата“, која ја организира граѓанската организација Цивил.
Од 18:30 се предвидени обраќања по повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. На теми поврзани со македонското образование и со македонскиот јазик ќе се обратат: в.д. директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јовановска Грујовска, студентката Ивана Туфегчиќ и професорката во средно образование Вангелина Мојановска.
Музичката програма, од 19.30 часот вечерта ќе ја отвори потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов, со свој диџејски настап, а од 21:00 часот ќе настапат Бени и Нон стоп.