372
Општина Центар на последната седница ги забрани градежни активности на територијата на општината се до 30 септември. Одлуката да се ограничи градењето, советот на Центар ја донел на вонредна седница без присуство на советници од ВМРО ДПМНЕ.
Забраната се однесува на територијата меѓу булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин и улиците Кочо Рацин, 11 Октомври и улицата Македонија, односно на местото каде треба да се гради катна гаража. Просторот во близина на Автомакеоднија веќе се оградува иако жителите на околните згради не се согласуваат на овој простор да се уништи зеленилото и да се гради нов објект.
Од општината тврдат дека имаат право со законот за градење да издава вакви одлуки.