Лондонскиот аеродром Гетвик беше принуден да ги затвори своите писти на речиси еден час поради „сомнителен инцидент со дрон“.
„Активностите на Гетвик беа привремено прекинати во 13 часот и 44 минути, додека беа спроведени истраги поради појава на сомнителен дрон во близина на аеродромот. Истрагите сега се завршени и аеродромот е повторно отворен“ , изјави портпаролот на аеродромот.
Со прекинот на аеродромот беа погодени повеќе од 140.000 патници на вкупно 1.000 летови.
Летовите погодени од мерката вклучуваа лет на „Бритиш ервејс“ од Мајорка до Гетвик, пренасочен кон аеродромот Станстед и лет на „EasyJet“ од Венеција, пренасочен кон аеродромот Лутон.
Пистата на аеродромот Гетвик, исто така, беше затворена 30 часа во декември 2018 година поради тридневен инцидент откако беа забележани беспилотни летала.
Тој инцидент на Гетвик, вториот најфреквентен аеродром во Британија, беше првпат голем аеродром во Велика Британија да биде затворен поради беспилотни летала.