Колумбиската морнарица заплени нарко подморница со три тони кокаин

by Fokus

Колумбиската морнарица соопшти дека ја запленила најголемата нарко подморница во историјата на Колумбија, долга 30 метри и широка три метри, а во неа имало три тони кокаин, јавуваат колумбиските медиуми.

Подморницата беше запрена во вторникот, кога беше на пат кон Централна Америка.

На фотографиите објавени од властите се гледа долг сад во вода, како и стотици пакувања со наркотици, а во средината се уапсени три лица. Ова е најголемата откриена нарко-подморница откако почнаа да се користат за овие цели во 1993 година, во тоа време земја со најголемо производство на кокаин во светот.

За три децении морнарицата запленила 228 пловни објекти од овој тип, на кои имало илјадници килограми кокаин, кои оделе преку Пацификот кон САД или преку Атлантикот кон Европа.

Поврзани новости