Во текон на вчерашниот ден исчезнале три лица, односно дете, момче и старец. Старецот исчезнал во Штип, а на 22-годишното момче и 12-годшното дете трагата им се губи во Скопје.
-Во 19.00 часот во Полициска станица Штип, П.Д.(38) од Штип, пријавил дека на 06.09.2018 година околу 14.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот дедо Ѓ.Д.(83).
Истиот ден во 11.20 часот во Полициска станица Кисела Вода С.С. од Скопје пријавила дека на 02.09.2018 година во 18.00 часот од својот дом во непознат правец се одалечил нејзиниот син Х.С.(22).
Во 19.30 часот, пак, во Полициска станица Гази Баба од страна на вработена во ЈЗУ “Ранка Милановиќ” е пријавено дека на 06.09.2018 година во 11.00 часот од домот во непознат правец се оддалечил 12 годишен штитеник на домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатите, информираат од МВР.