317
При засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територија на државата вчера санкционирани се 220 возачи за брзо возење.
Како што соопшти денеска МВР, од вкупниот број на изречени санкции, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 81 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 139 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.