Дојави за бомби во 39 скопски училишта, 21 средно и 18 основни

by Fokus

На електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје денеска е упатена закана за поставена експлозивна на направа.

Како што соопшти МВР, по добиените пријави, полицијата презема мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Дојави за бомби вчера имаше во 21 средно и 11 основни училишта на подрачјето на Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид. По спроведените проверки, МВР соопшти дека сите дојави се лажни.

Со новата одлука на Министерството за образование и наука, учениците нема да губат часови поради дојавите. Тие имаат еден час да дојдат дома и наставата да ја продолжат онлајн.

Поврзани новости