ВИДЕО: Хеликоптер на МВР гаси пожар помеѓу Македонски Брод и Општина Пласница

by Fokus

По пријава на Центарот за управување со кризи Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска интервенираше на подрачјето помеѓу Македонски Брод и Општина Пласница со еден хеликоптер од типот Bell 212 при што се исфрлени над 7 тони вода.

Според најавите од МВР, гаснењето на пожарот ќе продолжи утре наутро со крајна цел ставање на пожарот под контрола.

-Последнава година Министерството за внатрешни работи заедно со Одделот за воздухопловни единици, за потребите на Хеликоптерската единица за полициски намени, која во рамки на МВР постои од 1969 година и е опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“, ги препозна потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот.
За да се овозможи успешно користење на опремата беше спроведена меѓународна обука од словенечката полиција, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари. Обуката успешно ја завршија сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени, соопшти МВР.

Овој пример, според нив, е уште еден доказ дека МВР е сервис на граѓаните и тоа е веќе имплементиран начин на работа во сите сегменти на полициското работење

Поврзани новости