Убиен раперот Тејкоф од „Мигос“

by Fokus

Раперот на најпопуларната хип-хоп група „Мигос“ Тејкоф е убиен рано утрово во престрелка во Хјустон, Тексас, пишува „Пипл“.

Музичарот, чие вистинско име беше Киршник Кари Бол, бил застрелан пред куглана во центарот на градот, јавува „Асошиејтед прес“.

Од полициската управа во Хјустон соопштија дека го чекаат извештајот на лекарот пред да дадат официјално соопштение, пишува американскиот магазин „Пипл“.
Тејкоф (28) и неговиот колега од бендот „Quavo“ биле на приватна забава кога почнало пукањето. „Quavo“ не е повреден. Како што опишаа очевидци, „Quavo“, кој е вујко на убиениот рапер, викал и повикал помош.

Полицајците од полициската управа во Хјустон пристигнале на местото на настанот каде пронашле едно лице, идентификувано како црнец на возраст од околу 20 години, со прострелна рана во главата или вратот, пренесува „Click2Houston.com“.

Поручничката Кристина Салазар изјави дека во моментот на пукањето на забавата имало од 40 до 50 луѓе.

Тејкоф, како и неговиот вујко, беше член на мегапопуларната група во која беа вклучени познатиот Офсет, кој исто така беше негов братучед и оженет со Карди Б. Бендот „Мигос“ настапи на Егзит во Нови Сад и ја воодушеви публиката.

Поврзани новости