Еден ден по обидот за атентат во Куманово во која цел беше советникот на ДУИ, Фериз Дервиши, извори за Алсат М велат дека полицијата вршела контроли во неколку куќи во село Черкез и на полициски распит бил повикан функционерот на ДУИ, Назми Беќири и неговиот роднина Идриз Беќири.
Полицијата упадна и во куќата на семејството Мисини во Черкез, чии членови беа вмешани во крвавиот инцидент од пред две месеци во Мала Речица, во кој беше убиен Наип Реџепи од Куманово.
Како што дознава Алсат М, за време на контролата во куќата на Назми Беќири, полицијата одземала три парчиња оружје, а во куќата на неговиот роднина Идриз Беќири се одземени три автоматски пушки и две рамки со по 45 куршуми. Против нив полицијата ќе покрене кривична пријава за недозволено изработување и поседување на оружје и распрскувачки средства. Неофицијално се дознава дека против Назми Беќири ќе се води регуларна постапка, а за неговиот роднина брза постапка. При контролата во семејството Мисини се одземени мобилни телефони.
Советникот на ДУИ, Фериз Дервиши кој се спаси од атентат вчера кога имаше експлозија на бомба во близина на неговата куќа овој чин го нарекол терористички.