738
Пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, ќе биде нов директор на Рударско-енергетскиот комбинат Битола. Неговата оставка од пратеничката функција ќе биде констатирана на почетокот на утрешната собраниска седница.
Во пакет ќе биде констатирана и оставката на пратеникот Стево Пендаровски. Тој ќе ја извршува функцијата координатор на Македонија за НАТО.
На нивните пратенички места ќе бидат Самка Ибраимовски и Далибор Богдановски.