Сите кои биле инволвирани во процесот на формирање на групата „Јавна соба“ на Телеграм треба да бидат драконски санкционирани и спроведени пред лицето на правдата, побара пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска. Според неа, таквиот чин ги девалвира, понижува и повредува припадничките на понежниот пол.
-Во овие моменти владее недоверба во институциите, поточно од Министерството за внатрешни работи, поради тоа што се дозна дека во истата група на апликацијата Телеграм имало и припадници на МВР, односно лица кои и во претходната афера биле инволвирани, а сега самата институција не ги санкционира. МВР не смее да користи паушални изговори за да ги тргне рацете од случајот, туку напротив мора да реагира професионално и случајот да се расчисти. Доколку овој случај не добие завршница каква што сите очекуваат, тогаш ова насилство може повторно да роди ново насилство – порача Василевска.