Јаневска: Пописот нема да биде соодветен на реалноста

by Фокус

Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ, која беше претседателка на Државната пописна комисија што требаше да го спроведе пописот кој пропадна во 2011 година, смета дека претстојната статистичка операција нема да ја отслика реалната состојба.

-Пописот треба да биде соодветен на реалноста. Ако имаме можност да споредуваме податоци од различни дата бази, за што се залагам, тогаш немаме потреба да правиме физички попис, овој хибрид кој не ми е јасно зошто се случува навистина буди сомнеж. Секој треба да се праша дали во една земја како Македонија, со Рамковен договор, не постои попис во политичка конотација. Земја која има уставни измени, земја во која има Министерство за политички систем и каде се лицитира со проценти, нема ли елементи од некаква политика во тој попис – рече Јаневска на Сител.

Поврзани новости