Васев за „Фокус“: Поднесов оставка од лични причини

by Fokus

По барање на актуелниот министер за здравство Беким Сали денеска оставка од директорската позиција си даде директорот на скопската Клиника за онкологија, доктор Нино Васев.

Во последниот период тој се најде на мета на јавноста со неколку скандали со лекови поврзани со Онколошката клиника.

Тој во изјава за „Фокус“ образложи кои се причините за поднесувањето на оставката, со оглед на тоа што неговото име за целиот период додека директоруваше ретко се споменуваше.

„Оставката си ја давам од лични причини. Нема некоја друга причина која би ја кажал. Останувам како лекар на клиниката и за се што им требам на моите пациенти“, вели доктор Васев.

Претходно, министерот за здравство во изјава за „Фокус“ истакна дека во последниот период и на двете клиники имало доста скандали поврзани со работата на директорите.

„На тој начин се создадоа и сомнежи околу нивната работа и затоа тие денес си поднесоа оставки и на нивно место ќе бидат назначени нови директори“, вели Сали.

Тој е задоволен со целокупното негово работење на клиниката, тврдејќи дека за сите овие пет години се набавени многу лекови за онколошките пациенти и им се овозможени нормалн услови за лекување,

Доктор Нино Васев на директорското столче седна пред пет ипол години, кога министер за здравство беше Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, кои во тој период беа коалициони партнери на СДСМ.

Ирена Мулачка

 

 

 

Поврзани новости