Бектеши: Струја под 80 евра за мегават час за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници

by Fokus

Околу 200 компании од прехранбената индустрија и 600 мали пекарници ќе бидат директно поддржани со цена на електричната енергија под 80 евра за мегават час, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Нагласи дека просечната потрошувачка на овие капацитети  во изминатите години од 1 декември до 30 април до кога завршува кризната состојба во енергетиката, не е над 33 гигават часови електрична енергија.

-Како Влада и Министерство за економија сите одлуки ги носиме повикувајќи се на конкретни анализи и податоци од сите релевантни институции кои се вградуваат во делот на Економскиот совет. Доколку Владата треба да ги поддржи овие компании со околу 100 евра за мегават час значи дека сите трошоци нема да надминат 3,5 милиони евра, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на РЕК Осломеј.

Поврзани новости