395
Во моментот поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски и останатите осомничени се изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд, кој што треба да одлучи дали ќе им одреди притвор или некои од мерките на претпазливост, дознава „Фокус“.
Според неофицијални информации Доневски се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување. Со предистражната постапка се опфатени повеќе лица. Доневски беше разрешен од новата Влада во јули годинава и на негово место беше назначен Пеце Мирчески од СДСМ.