Вархеји по средбата со Пендаровски: Важно е Северна Македонија и Бугарија да најдат решение!

by Fokus

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој се сретна утрово со македонскиот претседател Стево Пендаровски, се огласи кусо преку Твитер по состанокот.

-Ја истакнав поддршката за официјално отворање на преговорите за членство и потребата Советот на ЕУ да се согласи за преговарачката рамка. Важно е Северна Македонија и Бугарија да изнајдат заеднички прифатливо решение, напиша Вархеји на Твитер по средбата со Пендаровски.

Претседателот на Македонија престојува во дводневна посета на Брисел каде што ќе има средби во ЕУ и во НАТО.

Тој денеска се сретна со Вархеји како и со специјалниот претставник на ЕУ за западен Балкан, Мирослав Лајчак и со шефот на ЕУ дипломатијата. Јосеп Борел.

За попладне се предвидени средби со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли и со Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Поврзани новости