Продолжува прекршувањето на полицискиот час

by Fokus

 Вкупно 41 лице не ја почитувале забраната за движење од 20:00 часот вчера до 05:00 часот денеска на територијата на државата, информираат од МВР.

Од МВР, исто така, информираат дека во текот на изминатото деноноќие (26/27.04.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 451 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Поврзани новости