Вархеј: Со одлуката за преговори со Албанија и Северна Македонија ја вративме политиката на проширување на прав пат!

by Fokus

По успешната прва фаза од пристапниот процес на Северна Македонија и Албанија, Европската комисија сега работи на годишните извештаи за земјите од Западен Балкан, кои се очекуваат во јуни, како и на економскиот план за регионот, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеј.

– Со ревидирање на методологијата на процесот за проширување и одлуката да се отворат пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија ја вративме политиката на проширување на прав пат. Го вративме нејзиниот кредибилитет, не само за Западен Балкан, туку и за сите наши земји членки, вели Вархеј за порталот Европски Западен Балкан.

Еврокомесарот нагласува дека заложбата на европската перспектива за Западен Балкан отсекогаш била присутна, како и дека проширувањето и понатаму останува една од клучните политики на ЕУ.

– Од почетокот на нашиот мандат веднаш почнавме со работа. Кредибилитетот е во основата на ревидираната методологија, како прв од четирите принципи. Воведовме и поголема предвидливост и динамичност на процесот и му дадовме посилна политичка насока, нагласува Вархеј.

Поврзани новости