Оливер Вархеи – европскиот комесар за проширување денеска во Шпанија изјави дека ја поздравува подготвеноста на Европскиот совет „конечно да се ангажира и да направи голем чекор напред“ за да се оствари проширувањето на Европска Унија.
– Европската комисија отсекогаш била подготвена да даде каков било предлог што ќе не доведе до проширување на ЕУ во 2030 година – изјави Вархеи.
Тој коментирајќи ја овонеделната изјава на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел дека ЕУ треба да биде подготвена за проширување до 2030 година, истакна дека „не мисли дека станува збор за датумот“, туку дека „тоа е повеќе прашање на волја и прашање на испорака“, односно спроведување на потребните реформи.
– Мислам дека тоа е повеќе прашање на волја и прашање на испорака, и испорака на страната на ЕУ и испорака на страната на нашите партнерски земји од Западен Балкан или другите три земји кандидати за членство (Украина, Молдавија, Турција) – посочи Вархеи.
Додаде дека ЕК е „подготвена да даде каков било предлог“ за да се постигне тоа и тоа ќе се види „уште во октомври“.
На прашање која од земјите кандидати е најблиску до влез во ЕУ, истакна дека „најблиску се оние кои први испорачуваат“.