Вардар загуби со 15 голови разлика од Мешков Брест

by fokus 19:31
19:31

Вардар претрпе тежок пораз од 35:20 на гостувањето кај Мешков Брест во рамки на седмото коло од СЕХА лигата.

Македонскиот шампион допатува со комбиниран состав од млади играчи, кој беше предводен од Билјана Црвенковска и Стојан Петрушевски, бидејќи тренерот Роберто Парондо остана да тренира со првотимците во Скопје.

- Advertisements -

Младиот тим на Вардар не можеше да се спротистави на домаќините, кои во текот на целиот натпревар имаа контрола над теренот и висока предност.

Првиот дел заврши со водство од 19:9, кое до крајот на натпреварот само се зголемуваше.

Јања Војводиќ со пет гола беше најефикасен во Вардар, додека во белоруската екипа со шест погодоци најпрецизен беше Симон Разгор.

Вардар в сабота повторно игра со Мешков Брест, но овојпат во Лигата на шампионите.

Поврзани новости