367
Вардар победнички стартуваше во новата сезона во Лигата на шампионите во која ја брани европската титула. На гостувањето во Полска, вардарци славеа против Висла Плоцк со 22-26 запишувајќи ја првата победа во ЛШ во досега неосвоената „Орлен Арена“.
„Црвено-црните“ одиграа сигурно и супериорно ја контролираа играта и резултатот во првиот дел, имаа криза на стартот од второто полуврмне, но и сигурен финиш кој им ја донесе првата победа во новата сезона.