556
Фудбалскиот клуб Вардар по две години поминати во Втората македонска фудбалска лига, ассо денешната победата над фудбалскиот клуб Скопје, се враќа во Првата лига.
Играчите на Вардар предводени од тренерот Бобан Грнчаров на стадионот во Кавадарци во баражот го совладаа Скопје со убедлив резултат 3:0.
Скопје во регуларниот дел од сезоната во ПМФЛ го освои 10 место и овој меч беше шанса да се обезбеди опстанок. Но, составот на Мирсад Јонуз не ја оствари целта и се сели во понизок ранг.