52
Фудбалерите на Вардар и следната сезона ќе играат во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево го совладаа третопласираниот тим во второлигашката конкуренција Детонит Плачковица со 2-0 (2-0) во баражот во Струмица.
Победата која му донесе прволигашки опстанок на најтрофејниот македонски клуб ја навести Дејан Ѓуриќ во 42 минута, а само три минути подоцна предноста ја удвои Лука Шушњара.
Нови членови на ПМФЛ во сезоната 2024/25 ќе бидат дебитантот Беса и повратникот во прволигашката конкуренција Пелистер.
Во Втората лига се преселија Македонија Ѓорче Петров и Брегалница.