Ванковска: Не е фер денот на гласањето да биде неработен само за администрацијата

by fokus

Претседателската кандидатка поддржана од Левица, Билјана Ванковска, ја оцени како неправедна одлуката на Владата деновите на одржување на изборите (24 април и 8 мај) да бидат неработни само за јавната администрација во државата.

Според Ванковска, тоа е нефер услов и потенцијална можност работодавците во приватните компании да им оневозможат на своите вработени да го напуштат работното место за да излезат да гласаат.

„Го добивме известувањето од Владата за денот на гласањето, кој е слободен ден само за јавната администрација. Сметам дека тоа е неправедно, не е фер услов. Практично, сите приватни работодавачи ќе можат да им оневозможат на граѓаните да го напуштат работното место, да излезат да гласаат, зависно од нивните околности“, рече Ванковска.

Согласно ваквата владина одлука, според неа, голем број граѓани, особено оние што потекнуваат од градовите во внатрешноста, а се со престој во Скопје, нема да бидат во можност да го остварат своето право на глас.

Поврзани новости