Ванизелос: Македонија има поголеми проблеми од оној со името!

by Фокус

Груевски го користи проблемот со името како потпора на домашната политика, меѓутоа број еден проблем на нашата соседна земја е етничката кохезија и целосната имплементација на Охридскиот договор, вели грчкиот министер за надворешни работи и вицепремиер, Евенгелос Ванизелос во последното интервју за атинскиот неделник „Реал њус“.

– Овие проблеми се поголеми од оној со името. Исто како што проблемот со националниот идентитет и јазикот меѓу ФИРОМ и Бугарија е многу посериозен од проблемот со името. Тактитката на антиквизација, со која нашите соседи се претставуваат како антички Македонци, положувајќи право на наследството на Александар Велики, е во целосна контрадикција со нивното претставување како вистински Словени кои исто така полагаат право на наследството на Цар Самуил. Кога одиме во Европската унија и во НАТО, ние им кажуваме дека постои проблемот со името и дека зад името постојат проблемите со демократија и со човековите права. Има проблем со владеењето на законот. Постои проблем меѓу Албанците и Славомакедонците, проблем во релациите меѓу Владата и опозицијата, владеењето на правото, слободата на печатот, транспарентноста и етничките односни – смета Ванизелос.

Поврзани новости